„Меркатор“ доаѓа во Македонија

Bez autora
Apr 20 2010

Словенечката компанија „Меркатор“ работеше на четири пазари во југоисточна Европа, но до 2013 година има цел својата присутност да ја зголеми во девет држави во регионот. „Меркатор“ лани отвори свои први продавници надвор од подрачјето на поранешна Југославија (во Албанија и во Бугарија), а со агресивното ширење настојува да ги надмине последиците од рецесијата и силната конкуренција на хрватската компанија „Агрокор“, српската „Делта холдинг“, а во иднина и француската „Карфур“. Во следните две години планираме да отвориме трговски центри во Косово и во Македонија, што значи дека ќе бидеме присутни во девет држави во југоисточна Европа. Може да се каже дека ќе работиме на регион од Триглав, па до Црно Море. Не се плашиме од конкуренцијата, бидејќи сега се натпреваруваме со сите главни европски малопродажни синџири.

„Меркатор“ доаѓа во МакедонијаСловенечката компанија „Меркатор“ работеше на четири пазари во југоисточна Европа, но до 2013 година има цел својата присутност да ја зголеми во девет држави во регионот.

„Меркатор“ лани отвори свои први продавници надвор од подрачјето на поранешна Југославија (во Албанија и во Бугарија), а со агресивното ширење настојува да ги надмине последиците од рецесијата и силната конкуренција на хрватската компанија „Агрокор“, српската „Делта холдинг“, а во иднина и француската „Карфур“, пишува словенечкиот весник „Деловне новине“.

- Во следните две години планираме да отвориме трговски центри во Косово и во Македонија, што значи дека ќе бидеме присутни во девет држави во југоисточна Европа - рече извршниот директор на „Меркатор“, Жига Дебељак, по повод отворањето на фабриката за производство на храна во местото Логатец, близу до Љубљана.

- Може да се каже дека ќе работиме на регион од Триглав, па до Црно Море. Не се плашиме од конкуренцијата, бидејќи сега се натпреваруваме со сите главни европски малопродажни синџири - изјави директорот на „Меркатор“ и додаде дека Бугарија за неговата компанија е исклучително интересен пазар, се' уште релативно фрагментиран, па ниту една компанија не презела лидерска позиција.

- Значи, за нас ширењето во држава со осум милиони жители е добра можност за раст - потенцираше Дебељак и порача дека годинава „Меркатор“ во Бугарија ќе отвори уште четири трговски центри.

- Условите во кои работиме беа и се' уште се малку проблематични, а годинава не очекуваме голем напредок - рече Дебељак, кој смета дека за целосно јакнење на регионалното стопанство ќе бидат потребни барем 3 години.

Директорот, исто така рече дека „Меркатор“ никогаш немал финансиски проблеми. - Позицијата на нашиот имот е силна, а имаме и силни врски со повеќе од 20 банки во регионот. Со тоа ни е отворен пристапот на капиталот - порача Дебељак и потенцира дека неговата компанија не планира да ги следи другите словенечки компании, како што е Телеком Словенија и „Петрол“ и да издава корпоративни обврзници.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik